29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ги зголеми глобалните прогнози за растот

ММФ ги зголеми глобалните прогнози за растот

Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми својата проценка за растот на светската економија поради краткорочните поттици од новата даночна политика на Вашингтон.

Во новиот извештај за состојбата на светската економија, ММФ наведе дека светската економија минатата година имала раст од 3,7 проценти, што е за 0,1 проценти повеќе отколку што беше предвидено минатата есен.

За следните две години економскиот раст е подигнат за 0,2 проценти на 3,9 проценти, што го одразува очекувањето на позитивни промени после новата американска даночна политика со која се намалени корпоративните даноци, наведе ММФ.

Последиците од новиот даночен систем во САД ќе бидат позитивни до 2020 година, но се очекува дека поради даночниот пакет од 2022 ќе дојде до намалување на растот, наведува ММФ.

Во извештајот ММФ наведе и дека забрзувањето на растот е распространето, со позитивни изненадувања во Европа и Азија.

„Глобалниот раст се забрзува од 2016 година и сите знаци укажуваат на продолжување на зајакнувањето на тој раст“, изјави директорката на ММФ Кристин Лагард.

Растот во еврозоната оваа година ќе биде 2,3 проценти, што е за 0,3 проценти повеќе отколку што претходно се предвидуваше, додека следната ќе биде 2,2 проценти, што е за 0,4 проценти повеќе од претходната проекција.

ММФ очекува раст во САД оваа година од 2,7 проценти, што е за 0,4 проценти повеќе отколку претходно, додека во Кина се очекува раст во 2018 година од 6,6 проценти, што е за 0,1 проценти повеќе отколку претходно, а во Индија од 7,4 проценти, колку што се предвидуваше и претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП