28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCoinbase со приходи од една милијарда долари за 2017-та година

Coinbase со приходи од една милијарда долари за 2017-та година

Една од најголемите берзи за трговија со криптовалути „Coinbase“ се очекува да објави приходи од милијарда долари, според „Business Insider“.

Ова се должи на зголемената активност меѓу главните криптовалути во последните месеци од 2017-та година.

Берзите за криптовалути заработуваа и од набавките и од продажбата на потрошувачите, со провизии кои се движат од 0,25 до 1% од вкупната трансакција.

Услугите што ги нуди компанијата се за берзата и за брокерот на договорите, но не како производител на пазарот кој поседува голема количина бикотини и други дигитални валути, посочи „Recode“.

Зголемениот интерес за криптовалутите во последниот квартал од 2017-та година позитивно влијаеше на приходите на компанијата, се вели во извештајот. Затоа што проценката на само шестгодишната компанија од Сан Франциско е веројатно двојно повисока од пред пет месеци.

Тогаш „Coinbase“ успеа да собере 100 милиони долари при пазарна оценка од околу 1,6 милијарди долари.

Претходните очекувања за компанијата покажаа годишни приходи од околу 600 милиони долари. Растот, како во цените на клучните валути, така и во дневниот промет, сепак, доведе до зголемување од над 1 милијарда долари.

На крајот од минатата година, „Business Insider“ објави дека друга голема берза за размена, „Kraken“, објави околу 50.000 нови потрошувачи дневно. Околу Денот на благодарноста, „Coinbase“ информира дека додаде повеќе од 100.000 нови клиенти за 3 дена.

Некои од размените дури и привремено ја суспендираа можноста за нови регистрации. Ова се случи, на пример, во „Binance“, каде што подоцна се појавија 250.000 новодојдени во 24 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП