24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNetflix незапирлив: Приходите скокнаа 33 проценти

Netflix незапирлив: Приходите скокнаа 33 проценти

Приходите на „Netflix“ во последниот минатогодишен квартал достигнаа 3,3 милијарди долари, 33 проценти повеќе отколку една година претходно, а поради силниот скок и на бројот на претплатници на неговата услуга за интернет телевизија, цената на акциите на „Netflix“ достигна рекорди.

Според објавениот деловен извештај на оваа компанија, која нуди телевизиски и филмски програми на интернет, чистата добивка во минатиот квартал достигнала 186 милиони долари, речиси три пати повеќе отколку во истиот период претходната година.

Бројот на претплатници на услугите на „Netflix“ порасна во изминатиот квартал за 8,3 милиони, околу 2 милиони повеќе отколку што се очекуваше, па сега во светот има околу 117,6 милиони претплатници.

Благодарение на подобрите од очекуваните резултати, во понеделникот на Волстрит цената на акциите на „Netflix“ скокна за речиси 8 проценти и достигна рекордни 245 долари, па пазарната вредност на оваа компанија за прв пат го надмина нивото од 100 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП