29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКазинс сруши рекорд стар половина век

Казинс сруши рекорд стар половина век

Демаркус Казинс „Буги“, центарот на Њу Орлеанс Пеликанс е тема во кошаркарските кругови преку Атлентикот. Во победата на неговиот тим по две продолженија над Чикаго 132:128, тој пружи историска партија.

„Буги“ за 51 минута на теренот постигна 44 поени, на кои им придодаде 24 скока, 10 асистенции, 4 украдени топки, една блокада и 5 загубени топки.

Центарот на Њу Орлеанс направи нешто што не е видено во НБА лигата 50 години. Во 1968 година легендарниот Вилт Чемберлен оствари „трипл дабл“ со повеќе од 40 поени и 20 скока.

Резултати:

Шарлот Хорнетс – Сакраменто Кингс 112:107
Атланта Хокс – Јута Џез 104:90
Хјустон Рокетс – Мајами Хит 99:90
Мемфис Гризлис – Филаделфија 105:101
Милвоки Бакс – Феникс Санс 109:105
Далас Маверикс – Вашингтон Визардс 98:75
Денвер Нагетс – Портланд Трејлблејзерс 104:101
ЛА Клиперс – Минесота Тимбервулвс 118:126

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП