25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно и студено време

Променливо облачно и студено време

Денеска во утринските часови ќе преовладува сончево и студено време, а преку денот ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој долж Повардарието ќе се засилува, а западните делови ветерот ќе биде со слаб интензитет и со правец од североисток. Минималната температура ќе се движи од од -8 до 0 а максималната од 3 до 8 степени Целзиусови.

Во Скопското подрачје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен североисточен ветер, со температура до 6 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. В четврток, петок и в сабота ќе има услови за појава на магла по одделни котлини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП