29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсвоени повеќе програми од социјалната политика

Усвоени повеќе програми од социјалната политика

Владата на Република Македонија на вчерашната седница по предлог на Министерство за правда ја разгледа и ја усвои информацијата за програма за обесштетување дете што е жртва или е оштетено со дејство што со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство за 2018 година.

Исто така, Министерството за труд и социјална политика предложи, а Владата усвои повеќе програми од сферата на социјалната политика за 2018 година, како програмата за субвенционирање на потрошувачката на енергија, програма за развој на дејноста за заштита на децата, програма за остварување на социјалната заштита, како и програма за рефундирање средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со најмалку 80 отсто телесна попреченост на долните екстремитети, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП