20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗамената комплетирана – Алексис во Јунајтед, Мхитарјан во Арсенал

Замената комплетирана – Алексис во Јунајтед, Мхитарјан во Арсенал

Манчестер јунајтед, конечно, потврди дека склучиле договор со Алексис Санчез за трансфер од Арсенал, а во спротивна насока ќе замине Хенрик Мхитарјан.

„Пресреќен сум што се приклучувам на најголемиот клуб на светот. Поминав три и пол прекрасни години во Арсенал и секогаш ќе имам убави спомени од клубот и фановите. Шансата да се игра на овој историски стадион и да се работи со Жозе Мурињо беше нешто што не можев да го одбијам. Се гордеам што сум првиот Чилеанец што играл за Манчестер јунајтед и сега сакам да им покажам на фановите зошто клубот ме сакаше тука“, изјави Санчез.

Се верува дека Санчез ќе заработува околу 500.000 фунти неделно, со што ќе биде најплатениот фудбалер во Премиер лигата.

Мхитарјан вели дека го остварил сонот со трансферот во Арсенал.

„Среќен сум што договорот можеше да се комплетира и среќен сум што сум меѓу ‘топчиите’. Ова е остварување на сонот бидејќи секогаш сакав да играм за Арсенал и сега ќе се обидам да направам историја со клубот“, изјави Мхитарјан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП