25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе ги субвенционира студентите по урнек на Словенија

Владата ќе ги субвенционира студентите по урнек на Словенија

Владата на Република Македонија на денешната 49-та седница ја разгледа и ја усвои информацијата за воведување на проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“ и го задолжи Министерство за образование и наука да изготви предлог-законски и подзаконски акти за имплементација на проектот најдоцна до 31 мај 2018 година во соработка со повеќе министерства и надлежни институции.

Како што информираат од владината прес-служба, проектот предвидува можност за субвенционирање на потребите на студент по негов избор, и тоа: оброк, автобуски билет, билет за театар, книга и други услуги во текот на денот, а плаќањето ќе се врши преку мобилен телефон или дигитална студентска картичка.

Овој проект повеќе од 10 години успешно се спроведува во Република Словенија. Од страна на тамошните институции постои согласност и поддршка за имплементирање на проектот и во Република Македонија, со одредени приспособувања во согласност со финансиските можности на Република Македонија. Притоа, од страна на владата на Република Словенија постои согласност за техничка поддршка и асистенција при реализација и имплементација на овој проект во нашата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП