28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSanofi го купи својот конкурент Bioverativ за 11,6 милијарди долари

Sanofi го купи својот конкурент Bioverativ за 11,6 милијарди долари

Француската фармацевтска група „Sanofi“ договори купувањето на американскиот конкурент, специјализиран во третманот на хемофилија, „Bioverativ“ за 11,6 милијарди долари, што според компанијата ќе го зајакне нејзиниот профит и нејзиното присуство при лекување на ретките болести, пренесува „Ројтерс“.

Купувањето се случува во момент на обновениот интерес од страна на големите фармацевтски производители кон помалите биотехнолошки компании и прогнозите на некои експерти дека во 2018-та година ќе има значително зајакнување на спојувања и превземања.

„Sanofi“ се договорила да ги купи сите акции на „Bioverativ“ за 105 долари по акција во кеш, што значи премија од 64% во однос на цената на затворање на акциите на „Bioverativ“ од 19-ти јануари.

„Bioverativ“ беше одделен од „Biogen“ на почетокот од минатата година.

Преговарачката трансакција го одбележа успешното враќање на „Sanofi“ на трансакциите откако не успеа да се бори за голем број превземања во последниве години. Ова е нејзината најголема аквизиција од 2011-та година, кога ја купи американската компанија за биогас „Genzyme“ за околу 20 милијарди долари.

„Sanofi“ не успеа да се избори со конкурентот „Pfizer“ за купување на компанијата во областа на третманот на рак „Medivation“ во 2016-та година, како и со „Johnson & Johnson“ за купување на швајцарската биотехнолошка компанија „Actelion“ во минатата година.

„Со „Bioverativ“ ние стануваме лидер на растечки пазар за третман на хемофилија“, изјави главниот извршен директор на „Sanofi“, Оливие Брандикур.

Според „Sanofi“, годишната продажба на секторот изнесува околу 10 милијарди долари, а во светот околу 181.000 луѓе се борат со ситуацијата. Компанијата додава дека хемофилијата е најголемиот пазар за ретки болести и ќе се зголеми за повеќе од 7% годишно до 2022-ра година.

„Sanofi“ очекува оваа трансакција веднаш да го зголеми профитот по акција за финансиската 2018-та година, а следната година да ја зголеми до 5%.

Компанијата ќе го финансира купувањето со комбинација на постоечките парични средства и издавање на долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП