25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе уште не е познато дали заврши ЕП за Лазаров

Се уште не е познато дали заврши ЕП за Лазаров

Утрово се појави вест на официјалниот Твитер профил на ЕХФ, дека капитенот на Македонија, Кирил Лазаров повеќе нема да може да настапи на Европското првенство, поради повредата која ја заработи на дуелот со Шпанија. Но засега од стручниот штаб на нашата репрезентација и од самиот Лазаров нема потврдна информација.

Лазаров ги заврши деталните лекарски прегледи во Загреб на повредениот мускул, по што, како што дознаваме, првичните реакции се дека постои сериозна надеж дека ќе биде на располагање на селекторот Раул Гонзалез за последните два натпревари од групата во Вараждин.

Според последните информации, повредата на Лазаров сепак не е со тежина за каква првично се стравуваше поради што од РФМ веднаш се ангажирани врвни медицински лица од регионот кои заедно со лекарскиот тим на македонската репрезентација ќе се обидат да го подготват капитенот за следните предизвици на ЕП.

Едно е јасно, денеска најверојатно нема да следи дефинитивна информација дали Кирил Лазаров ќе може да настапи против Чесите. Дали ќе биде на располагање на Раул Гонзалес дефинитивно се очекува да биде познато во текот на утрешниот ден, непосредно пред самиот натпревар со Чешка кој го играме од 20:30 часот во Вараждин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП