29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПоради оваа вила ќе се заљубите во Рим (фото)

Поради оваа вила ќе се заљубите во Рим (фото)

Кога прв пат го здогледавме овој неверојатен имот, некако веднаш ни падна на ум филмот The Italian Job…

Не сакаме сега да расправаме за верзиите на овој филм – не е ни важно дали е подобра оригиналната, или онаа поновата верзија полна со холивудска продукција. Во нашиот центар на внимание сега е величествената вила која можете да ја видите во галеријата.

Оваа вила се наоѓа во улицата Via Calandelli, односно многу ексклузивниот дел на Рим, има осум спални соби и четиринаесет бањи, како и бројни интересни и заводливи погодности, на површина од 1950 квадратни метри.

Таа има дури пет ката, а се наоѓа на само петнаесет минути од срцето на Рим – пешки. Со неколку тераси и една грандиозна на кровот од која се овозможува поглед на градот и на која може да уживате во џакузито, оваа вила го бара својот нов сопственик. Ако ги споменеме и прекрасните градини во нејзиниот екстериер, цената од трисет милиони евра нема да дојде како големо изненадување.

Веројанто новиот сопственик на оваа вила додека вие читате веќе ја отклучува вратата од својот нов дом, во кој ќе го дочека феноменалниот ходник, скалилата кои ги поврзуваат сите катови, салонот за убавина, студиото и уште многу нешта.

Изреката „Сите патишта водат до Рим“ секако добива посилно значење, кога ќе погледнеме вила како оваа, зарем не?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП