29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota Corolla се враќа како хечбек во Европа

Toyota Corolla се враќа како хечбек во Европа

Јапонскиот производител „Toyota“ ќе ја врати на некои европски пазари хечбек-верзијата на моделот „Corolla“, а тоа ќе се случи уште во првите месеци од годината, пишува „Autocar“, повикувајќи се на официлни извори.

Првиот пазар за моделот ќе биде Велика Британија, каде за последен пат „Corolla“ се нудеше како хечбек во 2007-ма година. Причината за одлуката на компанијата се незадоволителните резултати на „Auris“. Минатата година, околу 14.000 единици беа продадени од овој модел, што е 3.000 помалку од 2016-та година.

„Toyota“ очекува интересот за „Auris“ да продолжи да опаѓа и затоа ќе го замени со сосема нов автомобил. Тој ќе биде изграден на новата глобална платформа на компанијата, која ќе овозможи користење на различни хибридни и бензински агрегати.

Всушност хечбекот „Corolla“ ќе се потпира на 1,2-литарски бензински мотор и 1.8-литарскиот хибрид од „Auris“. Јапонците сепак немаат намера да предложат дизел верзија на моделот, и покрај популарноста на ова гориво на Стариот континент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП