23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИзвршниот директор на Microsoft има генијален деловен совет и порака за „сезнајковците“

Извршниот директор на Microsoft има генијален деловен совет и порака за „сезнајковците“

Сатја Надела дојде на позицијата извршен директор во Microsoft пред три години. Ја користи комбинацијата на ефективно лидерство и брилијантни деловни потези за на оваа технолошка компанија да и го врати епитетот „водечка“.

Во едно интервју за Бизнис Инсајдер, Надела ја наведе книгата Mindset од психологот на Станфорд, Керол Двек, како инспирација за културата која планира да ја воспостави во Микрософт.

Еве што вели тој:

„Ја читав оваа книга, не во контекст на деловна и бизнис култура, туку во контекст на образование за моите деца. Авторот опишува едноставна метафора со деца во училиште. Едно од нив е „она кое се знае“ а другото „она кое се учи“. „Она кое се учи“ секогаш ќе постигне повеќе и подобро, дури и кога „она кое се знае“ започнува со поголеми вродени способности. Ако се вратиме на работата: „Ако тоа може да се примени на момчињата и девојчињата во училиште, може да се примени и на директорите како што сум јас, како и на целата организација, како што е Microsoft.“

Ако би морале оваа брилијантна стратегија да ја ставиме во една реченица тоа би било:

„Немојте да бидете сезнајко, бидете ученик“.

Како Надела го применил овој начин на размислување во Microsoft

„Некои луѓе би можеле тоа да го наречат брзо експериментирање, но што е поважно, ние тоа го нарекуваме „хипотетичко тестирање. Наместо да кажете „Имам идеја“, кажете „имам нова хипотеза, ајде да ја тестираме, да видиме дали е добра, да провериме како би можеле брзо да ја валидираме. Ако не е добра, преминуваме на друга“.

„Нема ништо лошо во признавањето ако хипотезата не функционира. За мене, да се биде способен да се изненсе нов начин на завршување на работата, нов начин на поставка што е неуспех, а што успех, е кога некој достигнува успех – низ низа неуспеси, низа тестирање на хипотези. Тоа на некој начин е правилниот пристап“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП