25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан договор за лиценци помеѓу Биро за развој на образованието и Мајкрософт...

Потпишан договор за лиценци помеѓу Биро за развој на образованието и Мајкрософт за поголема продуктивност, комуникација и соработка преку пакетот Office 365

Нивото на соработка помеѓу Мајкрософт и владините институции добива нова димензија со денешното потпишување на договорот за лиценци помеѓу Мајкрософт Македонија и Бирото за развој на образованието на Република Македонија. Овој договор е потпишан со Мајкрософт авторизиран партнер за образование Макпетрол А.Д. кој ќе помогне при успешна имплементација на платформата Office 365 во БРО. 

„Алатките на Office 365 се докажани во нивото на придобивки кои го овозможуваат на корисниците. Бирото за развој на образованието има 150 вработени, распределени во седум сектори, шеснаесет одделенија и седум подрачни единици во Република Македонија. Користењето на Office 365 во рамките на институцијата е повеќе од потребно од причина што комуникацијата на дневно ниво е интензивна помеѓу вработените но и со останатите институции кои се вклучени во образованието. Воведувањето на современ начин на работа во институцијата ќе овозможи поголема продуктивност и ефективност во извршувањето на работните задачи. Со оглед на фактот дека овој пакет нуди безбедна организација на документи на едно место, пристап до истите од кое било место, истовремена колаборација, комуникација во реално време и сето тоа од кој било уред, компјутер, таблет или телефон, ќе придонесе за осовременување на професионалниот развој на вработените во Бирото за развој на образованието така што ќе бидат во постојан допир со новите технологии и истите ќе може да ги споделуваат со наставниците во насока на реализација на интерактивна и современа настава“, истакна директорот на Бирото за образование и развој на Република Македонија, Ризван Бела.

„Високо ја ценам соработката со државните институции затоа што од таму потекнуваат промените, а посебно од образовниот сектор. Нашата соработка со Бирото за развој на образованието вклучува нов бран на иновативна и модерна примена на најдобрите алатки за работа. Со овој чекор, на професионалците во БРО значително ќе им се подобри ефикасноста во работата и истата ќе ја пренесат на образовниот сектор овозможувајќи опиплив ефект кој има потенцијал да вроди со резултати за развој на општествено.“, порача извршениот директор на Мајкрософт Македонија, Љупчо Георгиев.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП