28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUBS ќе откупи акции за 2,1 милијарди долари

UBS ќе откупи акции за 2,1 милијарди долари

Најголемата институција за управување со капитал во светот – „UBS Group AG“, ќе купи назад акции во вредност од 2 милијарди швајцарски франци (2,1 милијарди долари) во рамките на следните три години, соопштија од банката, цитирани од „Bloomberg“. Исто така, во плановите на „UBS“ е спојувањето на двете најголеми компании за управување со средства.

Програмата за откуп ќе почне во март, а институцијата со седиште во Цирих ќе воведе и нова позиција за дивиденди, како нејзина цел ќе биде среден до висок едноцифрен раст секоја година, а вишокот капитал најверојатно ќе биде вратен преку откуп. Се очекува дополнителните средства од 4 милијарди франци да се зголемат во текот на следните три години.

Така, Главниот извршен директор Серџо Ермоти одговара на барањата на инвеститорите за поголеми враќања. Според извори на „Bloomberg“ од „UBS“ се поврзале со инвеститори и аналитичари во последниве недели, за да испитаат дали треба да преземат поформално ажурирање на својата стратегија, чија последна ревизија беше во 2014-та година.

На чело на новиот обединет бизнис, кој ќе го носи името „Global Wealth Management“, застануваат Мартин Блесинг и Том Наратил. Спојувањето доаѓа по назначувањето на поранешниот извршен директор на „Commerzbank AG“, Блесинг на функцијата шеф на меѓународниот оддел за управување со средства, наследувајќи го ветеранот Јорг Целтнер, кој најави во декември повлекувањето по 30 години во банката.

Поради промени во американскиот даночен закон, „UBS“ објави нето загуби од 2,2 милијарди швајцарски франци во четвртиот квартал од годината.

Пред тоа во мај Сингапурски суверен фонд „GIC Pte“ престана да биде најголемиот акционер во швајцарската банка, откако продаде речиси половина удел. Причината за ова е дека за речиси десет години во кои тој инвестираше во банката, фондот беше во загуба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП