25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОпра Винфри има пет совети за посреќен живот

Опра Винфри има пет совети за посреќен живот

Опра Винфри е личност која го обликуваше ток-шоу форматот и која засекогаш ќе остане омиленото телевизиско лице за милион луѓе.

Нејзиното внимателно работење и совршените социјални вештини ја доведоа во позиција многумина да веруваат во она што го вели, па дури и можеби и доколку не се согласни со тоа.

Позната е по тоа што често дели многу совети на разни теми, а најчесто оние во врска со самопочитувањето и желбата да се живее складен и среќен живот.

Токму на таа тема имаше што да им порача и на читателите на американскиот магазин Вог. Таа издвои пет едноставни правила до кои таа секојдневно се придржува, а кои секогаш одново позитивно влијаат на нејзиниот живот.

Клучот е во балансот. Можам да јадам се што ќе посакам, но не мора се што ќе посакам да јадам истовремено. Тоа е целата филозофија на животот, можеш да добиеш се, но не одеднаш, порача Опра.

Откажување од зададените норми за убавина. „Деновите во кои бев опседаната со тоа колку сум слаба одамна поминаа, како и деновите во кои посакував да постигнам некој стандард, кога станува збор за физичкиот изглед. Сега на себе сум си најубава кога добро се чувствувам“, изјави Опра.

Пронаоѓање на време за себе: „Секогаш пронаоѓам начин барем еднаш во текот на денот да бидам сама со себе. Ако зборуваме за идеално сценарио, на располагање наутро ќе имам 20 минути за себе, а потоа и уште 20 минути навечер“.

Утра обележани со благодарност: „Никогаш не го навивам алармот, не верувам во него и ми пречи. Наместо тоа, сама се будам околу шест часот, бидејќи и моите кучиња се навикнати веќе на таквиот распоред. Првата мисла по будењето секој ден гласи вака некако… Жива сум. Фала!“.

Живот во сегашноста: „Вдишете, издишете и потсетете се дека токму овој момент е единствениот кој го имате и единствениот за кој знаете“, потсети Опра Винфри на нешто што повеќето од нас, без оглед колку е важно, најчесто го забораваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП