24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочна продажбата на билетите за Murder Ballads

Започна продажбата на билетите за Murder Ballads

Билетите за концертот по повод Денот на вљубените – Murder Ballads, кој ќе се одржи на 14 февруари, ќе бидат пуштени во продажба од денеска.

По цена од 800 и 1000 денари, ќе можат да се набават на билетарницата на Македонската филхармонија, секој ден од 10 до 20 часот, односно в сабота од 10 до 14 часот.

Следејќи ја традицијата, и оваа година Македонската филхармонија по повод Денот на вљубените подготвува несекојдневен музички настан. Овој пат насловен Murder Ballads, концертот ќе претстави теми од славните Леонард Коен, Ник Кејв, „Портисхед“, Том Јорк, Бјорк, Ненси Синатра, Џони Кеш…, во аранжмани и под диригентство на Џијан Емин. Како вокалисти ќе настапат Тања Царовска и Бранислав Николов (фронтменот на „Фолтин“).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП