Италијанската влада не е задоволна со понудата која за Alitalia ја даде германскиот гигант Lufthansa.
„Мислиме дека понудата треба значително да се подобри, ние сакаме да ја продадеме Alitalia, а не да ја подариме“, изјави министерот за сообраќај на Италија, Гразиано Делрио.
Alitalia веќе неколку години е во криза, а минатата година стана инсолвентна.
Освен Lufthansa, за Alitalia интерес покажуваат и EasyJet и инвестицискиот фонд Cerberus. Наводно понудата ја разгледува и Air France-KLM.