29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПретставници на Арсенал се во Дортмунд за Обамeјанг

Претставници на Арсенал се во Дортмунд за Обамeјанг

Арсенал продолжува да работи напорно на трансферот на напаѓачот на Борусија (Дортмунд), Пјер-Емерих Обамејанг. За таа цел вчера во Германија пристигна извршниот директор на лондончани Иван Газидис, придружуван од главниот скаут на клубот Свен Мислинтат кој во ноември минатата година одлучи да ја напушти Борусија, токму заради Арсенал.

Пред неколку дена од „Signala Iduna Park“ потврдија дека тие веќе добиле официјална понуда од Арсенал, но веруваат дека предложениот износ е низок. Според „Kicker“, понудата за која станува збор била 50 милиони евра, при што германскиот клуб барал најмалку уште 10 милиони евра.

Обамајанг не учествуваше во натпреварот во петокот со Херта, а една недела порано не беше во составот против Волфсбург.

Според медиумите, „топџиите“ се подготвени да ја платат сумата што ја бара Борусија и да го привлечат Обамајанг. Самиот играч веќе преговараше за своите лични услови со Арсенал. Најверојатно договорот Габонецот ќе трае 3,5 години, а тој ќе добие 170.000 фунти неделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП