20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ќе го подготви ривалот на Tesla до 2021-ва

BMW ќе го подготви ривалот на Tesla до 2021-ва

Германскиот производител „BMW“ го развива својот следен електричен автомобил, кој ќе мора да се натпреварува со машините на „Tesla“. Моделот е дел од проектот „iNext“, а ќе може да поминува до 700 километри со едно полнење, објави „Motortrend“.

Сериското производство на електричниот автомобил на баварците сепак ќе може се продава не порано од 2021-ва година. Во компанијата се уште не е донесено крајно решение за тоа од која класа ќе биде возилото. Можно е тој да се натпреварува со „Tesla Model S“, но не е исклучено да биде и покомпактна машина која ќе конкурира со „Tesla Model 3“.

Според информациите, новиот модел на баварците ќе се повторува во голема мера со концептниот седан „iVision Dynamics“ (на сликата), претставен во есента на автосаемот во Франкфурт. Прототипот има километража од 600 километри, забрзува од 0 до 100 км/ч за 4 секунди и развива максимална брзина од 200 км/ч.

Како целина, плановите на „BMW“ треба да обезбедат 25 електрифицирани модели до 2025-та година. Од нив, 13 ќе бидат хибриди, а останатите 12 чисти електрични возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП