25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNintendo бележи нови рекорди на пазарот за видео-игри во САД

Nintendo бележи нови рекорди на пазарот за видео-игри во САД

„Nintendo Switch“ ужива одличен успех во 2017-та година. Јапонскиот гигант за видео игри продаде скоро 3 милиони конзоли во месецот во кој ги пушти во продажба. До денес „Switch“ е најпродаваната конзола во САД, пишува „Business Insider“.

Не само што популарноста на конзолата ја поддржа продажбата на „Nintendo“, но имаше големо влијание врз целиот бизнис на видео-игри во САД.

Како што покажува графиконот од „Statista“ која се базира на податоци од „NPD Group“, компанијата одигра голема улога за зголемување на продажбата на конзоли во САД во минатата година и помогна да се зголеми продажбата на индустријата до рекордно високи нивоа.

Конзолата на „Nintendo“ е најпродаваната во САД во седум од десет месеци откако дебитираше во март.

Откако продаде 4,8 милиони единици во првите 10 месеци на пазарот само во САД, конзолата на „Nintendo“ е не само најбрзо продаваната конзола во историјата на компанијата, но исто така помогна на целата гејминг индустријата во САД.

Според податоците на „NPD Group“, цитирани од „Entertainment Software Association“ (ESA), вкупните приходи на индустријата пораснаа за 18% до 36 милијарди долари во 2017-та година, а на хардверот (без додатоци и периферни) изнесува 4,71 милијарди долари.

По дебито на „Switch“ во март, продажбата на хардверот за видео игри во САД се зголеми за повеќе од 20% во текот на седум од десетте месеци. Во декември вкупната продажба на хардверот изнесуваше 1,27 милијарди долари, што е за 27% повеќе од декември 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП