16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите со 11 голови разлика поразени од Шпанија

Ракометарите со 11 голови разлика поразени од Шпанија

Македонската ракометна репрезентација во првиот меч, во втората фаза на Европското првенство во Хрватска, доживеа пораз од Шпанија 20:31 (6:15), што воедно претставува и прв пораз за Македонија на ова ЕУРО.

Она што го загрижи стручниот штаб, покрај играта на теренот, беше и повредата на Кирил Лазаров, кој поради болките во „задната ложа“ излезе од игра во 12.минута и повеќе не се врати на теренот.

На ниво на натпреварот беа голманите Ристовски и Митревски заедно имаа 17 интервенции. Ристовски во првите 20 минути со своите одбрани ја држеше разликата на пет гола, а Митревски во второто полувреме не дозволи на Македонија да и се случи катастрифа.

Македонија по овој пораз остана на три бода во Групата 2, каде на првите три позиции се Данска со 6, односно Шпанија и Германија со 4 бода, а зад Македонија се Чешка со два и Словенија со еден бод.

Наредниот меч Македонија го игра на 23 јануари против Чешка (20:30 часот).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП