24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"VISA": Забранет влез за биткоинот

“VISA”: Забранет влез за биткоинот

Најголемата криптовалута биткоин е стока, но не е платен систем, велат од “Visa”.

“Visa” исто така истакнува дека биткоинот или другите криптовалути нема да бидат вклучени на нивната платформа.

“Не го гледам како играч во платниот систем”, изјави генералниот менаџер Алфред Кели.

“”Visa” нема да ги објави трансакциите кое се базирани на криптовалути”, рече директорот на најголемата компанија за кредитни картички во светот.

Биткоинот е замислен како алтернатива на централизираните валути. Сепак, минатогодишниот раст од 2.000 проценти создаде простор за шпекуланти кои заработуваат брзо. Како што расте биткоинот, се соочува со проблеми како што се високите трошоци,спорите трансакции и нестабилните цени.

“Мислам дека денес биткоинот е многу повеќе стока со која некој може да тргува, и тоа искрено, многу шпекулативна стока”, рече Кели.

Да се потсетиме, Visa ја прекина соработката со добавувачот на дебитни картички кој издава картички поврзани со криптовалути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП