19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно и студено со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Времето денеска облачно и постудено, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините со снег, информираат од УХМР.

Повеќе врнежи ќе има во западните делови, а во вечерните часови врнежите ќе се поместат на исток. Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.

Утре се уште ќе има провејување на снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со силен северен ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП