19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Standard & Poor's“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

„Standard & Poor’s“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

Од „Б-“ на „Б“, Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард енд Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција.

„Веруваме дека буџетските перспективи и изгледите за раст на Грција се подобрени, а во исто време има заживување на пазарот на трудот и период на релативна политичка стабилност“, соопшти агенцијата.

Позитивната перспектива на проценката може да значи понатамошно дополнително подобрување на рејтингот.

Тоа ќе зависи од ликвидноста до крајот на третата програма за помош обезбедена од ЕУ и ЕЦБ, со поддршка на ММФ за финансирање на отплатата на идните долгови. Меѓу факторите што би можеле да придонесат за новиот рејртинг на земјата се и зајакнувањето на кредибилитетот на компаниите, како и можните мерки за отстранување на долгот од страна на доверителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП