19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги е подготвен да достави предлог за европски безбедни обврзници

Драги е подготвен да достави предлог за европски безбедни обврзници

Проектот за нова класа безбедни финансиски средства наменети за зајакнување на еврозоната, претстои да биде претставен по речиси една година задоцнување, соопшти „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори.

Извештајот, порачан од претседателот на Европската централна банка Марио Драги, ќе предложи план за обединување на државниот долг на 19-те земји со што ќе се заштити од ефектите на заразата во случај на надзор од една или повеќе земји.

Иницијативата за европски безбедни обврзници започна во септември 2016-та година како начин да се избегне повторување на кризата со државниот долг во регионот.

Последната деценија за единствената валута беше обележана со епизоди на финансиски стрес, кои се шират преку границите и се закануваат да ја разбијат Унијата. Сепак, т.н. „ESBies“ (European Safe Bond initiative) беше пречекан со скептицизам од земји како Германија, кои се плашат дека така ќе ги исплатат долговите на другите.

Објавувањето на планот требаше да се случи уште во март, но се забави поради технички пречки. Европскиот совет за системски ризик (ЕССР), формиран во 2010-та година за спречување на финансиски кризи во Европската унија и со кој моментно претседава Драги, заврши работата во декември, но не успеа да го одобри.

„Целта на извештајот, кој ќе биде објавен во неделата по 29-ти јануари, отсекогаш била да се дадат основни индикации за дискусиите на европско ниво за создавање на таков безбеден актив“, изјави портпаролот на „ЕССР“ во изјавата по мејл.

Европските банки би можеле да го поддржат „ESBies“. Хартиите од вредност би можеле да претставуваат нов ликвиден капитал со речиси нула ризик, кој служи како алтернатива на државните обврзници, посочуваат раководителите на најголемите кредитори во Европа во документ со кој располага „Bloomberg“.

Банкарските регулатори размислуваат дали да воведат ограничувања врз државни обврзници кои ги поседуваат банките и да го зголемат капиталот, кои треба да се посветат за да ја покријат својата изложеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП