25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon избра 20 градови финалисти за изградба на новото седиште

Amazon избра 20 градови финалисти за изградба на новото седиште

Американската технолошка компанија „Amazon“ избрала 20 градови и региони, вклучувајќи еден во Канада, за изградба на втора централа за која се тврди дека ќе генерира 50.000 нови високоплатените работни места, пренесува „Ројтерс“.

Големи американски градови, вклучувајќи Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго и Вашингтон, спаѓаат во листата, заедно со Торонто и помали населени места.

Меѓу оние кои исто така ги исполниле критериумите на компанијата, се Атланта, Остин, Бостон, Чикаго, Далас, Денвер, Индијанаполис, Мајами, Монтгомери Кантри во Мериленд, Нешвил, Њуарк, Северна Вирџинија, Филаделфија и Питсбург.

Резултатите од намалувањето на листата од вкупно 238 места кои аплицирале, во голема мера ги исполнуваат очекувањата. Ова е првата фаза во битката за илјадниците работни места, милијардите секундарни инвестиции и приходи, кои ќе ги донесе втората централа.

Кога започна да прима понуди во септември, „Amazon“ вети дека новата нејзина централа ќе создаде до 50.000 работни места во следните 10 до 15 години.

Дел од кандидатите веќе ветија јавно милијарди долари даночни отстапки за технолошкиот гигант, ако бидат избрани.

„Amazon“ објави дека очекува да донесе одлука оваа година и ќе работи со секој од кандидатите за да добијат повеќе информации и да се оценат можностите за идно партнерство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП