24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаврши проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“

Заврши проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“

Со Трката на келнерите и концертите на Камелеон и Фолтин синоќа завршија активностите предвидени во рамките на првото издание на проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“.

Осмислен од креативниот тим на Супер радио, како подарок за градот за 25-тиот роденден, организиран од страна на соодветните сектори при Општина Охрид.

Од општината оценуваат дека проектот внел вистинска свежина и нов начин на прослава на празниците, кое било позитивно прифатен од охриѓани и гостите.

„Синоќа имавме уште една ноќ за паметење и одличен крај на една замисла која траеше полни триесет дена, понуди програма на неколку сцени, илјадници насмевки, подароци, одлична музичка и забавна програма. За да биде впечатокот комплетен придонесе и убавото време и многубројните гости од земјата и странство, кои заедно со домаќините уживаа во Охрид периодов
наназад“, велат од Општината.

Синоќа се одржа Трката на келнерите во која најбрз беше Блаже Љушев кој ги бранеше „боите“ на кафе бар „Ликвид“, пред Игор Митрески од „Александрија“ и Ермин Иса од „Аквариус“. Првите двајца добија таблети како награда, а Ермин доби вечера за двајца во пица ресторанот „Валентино“ во Охрид.

Вечерта продолжи со настап на групата „Камелеон“, потпомогнати од Жармена, Китроз и Никола Тони, а продолжи со Фолтин.

Во рамки на манифестацијата понудени беа и проекти за најмладите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП