19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola си поставува нови цели за рециклирање до 2030-та година

Coca-Cola си поставува нови цели за рециклирање до 2030-та година

Американската компанија „Coca-Cola“ објави дека сака да собира и рециклира волумен еднаков на 100% од опаковките кои ги продава во светот до 2030-та година, соопштува „WSJ“.

Целта е дел од иницијативата за одржливост, објавена од гигантот кај безалкохолните пијалаци, наречена „World Without Waste“ (Свет без отпад). Невладините и еколошките заштитни групи, на пример „Greenpeace“, ја критикуваат „Coca-Cola“ и нејзините конкуренти од индустријата за производство на милијарди пластични шишиња, кои на крај завршуваат во депонии или водни површни.

Од „Coca-Cola“ рекоа дека нејзните напори ќе вклучуваат инвестиции за поефикасно пакување, локални програми за рециклирање и воспитување на корисниците. Компанијата не открива колку се очекува да бидат трошоците за постигнување на оваа цел, но рече дека потегот ќе доведе до идните заштеди. „Coca-Cola“ потенцираше дека сака да произведува шишиња во просек со 50% од рециклиран материјал до 2030-та година.

Компанијата користи различни материјали, вклучувајќи стаклени шишиња, алуминиумски лименки и картонски чаши, но рече дека фокусот ќе биде претежно врз пластиката која е предмет на повеќето сериозни критики.

Иницијативата беше претставена неколку дена, откако „McDonald’s“ објави дека сака сите ресторани од синџирот да ги рециклираат хранливите пакувања до 2025-та година. Компанијата сака и 100% од нејзините пакети да бидат произведени од обновливи или рециклирани материјали или да бидат заверени од одредени еколошки групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП