19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворајте ги паричниците, сите мораат да надоместат

Отворајте ги паричниците, сите мораат да надоместат

По заминувањето на Британија, останатите земји на ЕУ ќе мора да надоместат 45 милијрди евра, колку што Унијата ја чини „разводот“ со Британците

Меѓутоа, проблем е што некои земји не сакаат да издвојат дополнителни пари, како Холандија, Данска, Шведска, Финска…

Оваа сума ја наведе Министерството за финансии на Германија, а ја пренесуваат британските весници, со опис дека дел од земјите во ЕУ, соочени со раст на евроскептицизмот меѓу своите жители, не сакаат да одвојат дополнителна сума на пари за финансирање на ЕУ.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер тврди дека буџетот на ЕУ за периодот 2021-2027 година ќе мора да биде поголем отколку сегашниот.

Се работи за сума од милијарда евра, со која би биле финансирани европската интеграција, одбрана и безбедност на границите.

Членките имаат обврска за одржување на ЕУ годишно да издвојуваат еден процент од бруто националниот доход, но веќе се најавува дека поради новите околности по Брегзит овој процент мора да биде поголем.

Економските експерти проценуваат дека заминувањето на Британија ќе ја чини ЕУ 18 милијарди евра годишно.

Никој не може со сигурност да каже како ќе биде надоместен недостатокот на пари и како Брисел ќе ги натера останатите земји да го зголемат своето парично учество во финансирањето на Унијата – наведуваат аналитичките портали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП