20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерството за правда и УПОЗ ќе формираат работна група за подобрување на...

Министерството за правда и УПОЗ ќе формираат работна група за подобрување на работните услови

Министерот за правда, Билен Салији, оствари средба со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија, Пеце Грујовски, при што Грујовски му се заблагодари на министерот за овозможената средба и истакна дека е потребно заеднички да организираат работна средба во врска со реализирањето на заклучоците кои произлегоа од претходната средба во владата.

Салији го увери Грујовски дека Министерството за правда е отворено за соработка со УПОЗ во однос на подобрување на условите на вработените кои се под надлежност на Министерството за правда.

Министерот исто така го извести претседателот на УПОЗ дека сите правосудни сектори во Република Македонија се опфатени во Стратегијата за реформи.
Во текот на средбата и двете страни се согласија и во иднина да одржат состаноци, како и да се формира работна група во однос на подобрувањето на работните услови за сите вработени во правосудниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП