20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на Huawei во регионот пораснала за повеќе од 20 проценти

Продажбата на Huawei во регионот пораснала за повеќе од 20 проценти

“Huawei Consumer Business Group” ги објави продажните резултати за 2017 година кои покажуваат продолжување на силниот раст, особено во Централна и Источна Европа.

“Huawei ја зајакна својата позиција во Централна и Источна Европа, со повеќе од 20 отсто пораст во продажбата”, вели Зе Занг, директор на Huawei за овој регион.

Huawei континуирано бележи значителен пораст во продажбата, но брендот се уште планира да продолжи да се залага за истражување и развој во целиот свет да им обезбеди на корисниците најдобро корисничко искуство.

“Ние сме сигурни дека и следната година ќе ја потврдиме нашата посветеност, благодарение на новите паметни телефони кои носат интуитивно и прифатливо искуство за корисниците”, додаде Занг.

Huawei минатата година забележа зголемена побарувачка за своите паметни телефони за целиот спектар. Компанијата планира да го продолжи овој тренд во наредните години, бидејќи пазарните проценките укажуваат на тоа дека до 2021 година повеќе од 60 проценти од светската популација ќе поседува паметен телефон.

Порастот на продажбата се рефлектира и на се поголемата препознатливост на Huawei како глобално реномиран, премиум бренд. Во 2017 година, Huawei се позиционираше  на 49-то место на листата на Brand – “Топ 100 највредните глобални брендови”, на 88-то место на Форбс листата на “Највредните глобални брендови” и 40 место “Brand Finance Global” листата на “500 највредни брендови.”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП