25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДваесет и осум книги во трка за „Роман на годината“

Дваесет и осум книги во трка за „Роман на годината“

Дваесет и осум книги ќе учествуваат во изборот на „Роман на годината“ за 2017 година. Тие се пријавени на конкурсот што траеше од 15 декември до 15 јануари, годинава првпат во организација на фондацијата „Славко Јаневски“.

Од 1999 година до минатата, 2017 година, конкурсот за најдобро дело во македонската романескна продукција го организираше редакцијата на „Утрински весник“. По неговото згаснување, традицијата ја продолжува фондацијата „Славко Јаневски“, која го соопшти списокот на романи во официјална конкуренција. Меѓу нив се „Крадец на воздишки“ од Александар Алексов, „Некои бладања од војната “ од Митко Апостолов, „Круг“ од Димитар Башевски, „Патешествие низ виденијата на апостол Јован“ од Мите Гошев, „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска Георгиева, „Заспаните убавици“ од Сашо Димовски, „Се гледаме наскоро, Е.“ од Драгана Евтимова и Владимир Лукаш и др.

Петчлено жири ќе ги разгледува книгите во трка за наградата и ќе направи потесен избор, а добитникот на „Роман на годината“ за 2017-та ќе биде соопштен на 15 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП