19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогојавление-Водици одбележан низ цела Македонија(фото)

Богојавление-Водици одбележан низ цела Македонија(фото)

Даниел Дончевски од скопската населба Ченто по петти пат го фати крстот во осветените води на реката Вардар. 

Крстот во Прилеп го фати 29 – годишниот Александар Велјаноски. На Велјаноски ова му било третпат како на овој празник го фаќа крстот, известија од Општина Прилеп.

Повеќе стотини верници утрово се фрлија по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, а најсреќен од нив беше Иван Лотески од Варош кој прв успеа да доплива до крстот.

Теодор Цветков, 23-годишен државјанин на Република Бугарија го фати крстот во Гевгелија.

15 годишниот Петар Атанасовски го фати светиот крст во Битола.

Миле Стојановски од населбата Поток во Тетово беше најбрз меѓу тројцата верници кои се обидоа да го фатат осветениот крст во соборниот храм Свети Кирил и Методиј.

Христијан Вапчароски го фати крстот во Кичево меѓу триесетината учесници.

Иселеник од Норвешка, Иван Антевски го фати крстот во Куманово.

Светиот крст во Гостивар во рацете на Душко Милошевски.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП