25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Уделот на лоши заеми во Европската унија се намалува

ЕК: Уделот на лоши заеми во Европската унија се намалува

Уделот на лоши заеми во банките на Европската унија се намалува, но останува висок. Ова беше објавено од страна на Европската комисија, кога подготвува мерки за воведување повисоки резерви за идните деградирани кредити, објави „Ројтерс“.

Глобалната финансиска криза од 2008-2009 година ги остави европските банки со купишта надзорни заеми кои доверителите не успеваат да ги вратат целосно од заглавените претпријатија и домаќинства.

Меѓутоа, со заздравувањето на економијата на ЕУ, обемот на лоши заеми полека се намалува, се вели во извештајот на Европската комисија. Со искористување на податоците од Европската централна банка (ЕЦБ), Комисијата соопшти дека надзорните кредити формираа 4,6% од вкупните кредити на банките за периодот од април до јуни 2017-та година, што е за 1% помалку на годишно ниво.

И покрај трендот, лошите заеми сега изнесуваат 950 милијарди евра во 28-те земји-членки на ЕУ и претставуваат 5,4% од сите заеми во еврозоната.

За да се справи со проблемот, Комисијата планира нови законодавни мерки, најверојатно во март, кои ќе го забрзаат ослободувањето на банките од лошиот долг и да спречат идна акумулација на надзорни заеми.

Реформата на правилата за несолвентност и зајакнување на секундарниот пазар за лоши заеми се меѓу мерките планирани да ги намалат постојните резерви на лошите долгови.

За да не дозволи зголемување на надзорните кредити во иднина, Комисијата планира да воведе „законски мерки и механизми за спречување на ризикот од недостиг на резерви за надзорни кредити“, вели ЕК во документот, истакнувајќи дека тоа најверојатно ќе важи само за „новопредставените заеми кои подоцна стана лошо“.

Овој чекор ги разјаснува намерите на Комисијата. Претходно, таа рече дека се можни законски мерки за тампон, иако ова сè уште не е сигурно.

Според европските претставници, Комисијата ќе мора да одлучи што претставува нов заем и кога ќе се применуваат барањата.

Сé уште се дебатира дали новите заеми треба да вклучуваат реструктуиран долг и нови исплати на рати на стариот долг.

Крајниот рок за нови кредити исто така се дискутира. Комисијата разгледува четири опции: ноември 2017-та година; датумот на објавување на новите предлози, што веројатно ќе се случи во март; датум на влегување во сила на новите мерки, што може да се случи по две години; подоцна.

Италија, која е една од земјите на ЕУ со највисок удел на лоши заеми, одамна повикува за постепено намалување на надзорните заеми, за да се избегне итна продажба, кои може да остават огромни дупки во сметководствените биланси на банките.

Други земји, предводени од Германија, повикуваат на брзо ослободување од лошите кредити, за да се намалат ризиците пред банкарскиот сектор, што може да доведе до подлабока финансиска интеграција на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП