28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗа најдобар фестивал во Европа е прогласен „Егзит“

За најдобар фестивал во Европа е прогласен „Егзит“

Новосадскиот фестивал „Егзит“ е прогласен за најдобар фестивал во Европа во 2017 година. Ова беше објавено вчеравечер на доделувањето на Европските фестивалски награди во Холандија. „Егзит“ победи во конкуренција од 350 фестивали што се одржуваат во повеќе од 35 држави.

Фестивалот освои повеќе од милион гласови од публиката и мислење од стручно жири составено од најеминентни луѓе од светската музичка индустрија.

Освен награда во главната конкуренција, „Егзит“ освои награда и за најдобар фестивалски организатор во Европа. Ова е вторпат „Егзит“ да биде прогласен за најдобар фестивал во Европа.

Оваа година „Егзит“ ќе се одржи од 12 до 15 јули, а освен главниот настан на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, во рамките на „Егзит фридом 2018“ ќе бидат одржани уште четири фестивали во четири држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП