28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално од Јуве: Се трудиме да потпишеме со Џан

Официјално од Јуве: Се трудиме да потпишеме со Џан

Јувентус прави се да го убеди играчот за врска на Ливерпул Емре Џан да потпише со „бјанконерите“. Ова признание го направи извршниот директор на италијанскиот шампион Џузепе Марота.

Договорот на 24-годишниот Германец со Ливерпул истекува на 30-ти јуни и тој веќе има право да преговара со други клубови. Пред околу две недели на Апенините се појави информација дека Џан веќе потпишал преддоговор со Јуве. Овие денови играчот сепак откри дека не потпишал со ниту еден клуб во овој моментот и не ја исклучи можноста да остане во Ливерпул.

„Емре Џан е фудбалер, чиј договор истекува, која ни овозможува да се контактира со него за преговори. Се разбира, ние ќе ја искористиме оваа можност. Не можам да кажам дали има шанса и веројатност тој да го продолжи договорот со Ливерпул, но можам да кажам дека ќе се обидеме да направиме сè што можеме за да го земеме кај нас. Се разбира, треба да ја почитуваме желбата на самиот играч“, изјави Марота.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП