23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои централни банки ги даваат најточните предвидувања?

Кои централни банки ги даваат најточните предвидувања?

Нема централна банка во светот, која ќе даде апсолутно точни предвидувања, но кога станува збор за клучен индикатор, каков што е инфлацијата, Централната банка на Англија е на дното по успешност.

Тривековната финансиска институција има најслаби резултати во предвидувањето на инфлацијата во сопствената економија, според најновата листа на „Bloomberg“ на централните банки на земјите од „Г-7“.

Канадската централна банка може да се пофали со најпрецизни прогнози за инфлацијата.

За разлика од Европската централна банка (ЕЦБ) и Федералните резерви на САД, Централната банка на Англија има склоност да ги намалува прогнозите за потрошувачките цени, иако тоа изгледа веќе се менува.

Прогнозата на банката за инфлацијата во двегодишен период напред излегува пониска од реалните вредности во секоја од осумте години пред 2013-та година, прогнозата на банката се разминува со реалноста во просек со 1,3 процентни поени. Потоа сепак прогнозите на банката се навалуваат во другата насока, ги надминуваат реалните вредности со околу 1,1 процентни поени.

Вештината да се прогнозира точно е од суштинско значење за сигурноста на една централна банка, бидејќи тоа обезбедува база за одлуките поврзани со монетарната политика кои влијаат на компаниите и домаќинствата во реалната економија.

Централната банка на Англија, во лицето на гувернерот Марк Карни и неговите колеги, неодамна ја кренаа главната каматна стапка за прв пат по повеќе од една деценија, истакнувајќи ја како причина на очекувањата за инфлацијата.

Прогнозите кои не се остварија, се уште еден повод за критиките против централните банки и неизбраните од народот технократи кои се назначени да ги водат.

Финансиските институции трпат се поголеми критки по финансиската криза за мерки, како квантитативно олеснување и негативните камати, кои, според некои, ја зајакнуваат нееднаквоста.

За да ја подготви листата, од „Bloomberg“ ги прегледале прогнозите на централните банки за инфлацијата за двегодишен период напред и ги споредиле со годишните резултати во периодот 2006 – 2016 година.

Вкупните резултати се врз основа на пристапот на правилото на Тејлор, што дава подеднаква тежина на економскиот раст и на инфлацијата.

Според заедничката листата, ФЕД се наоѓа на прво место, иако била премногу оптимистички настроена во однос на економскиот раст во 10 од 11-те години кои ги опфаќа истражувањето. Централната банка на Јапонија е последна.

При прогнозите само за економскиот раст Централната банка на Англија ја зазема првата позиција, иако и таа традиционално била премногу оптимистички настроена.

Тука има извесна иронија, со оглед на фактот дека Карни повеќепати е осудуван од некои законодавци и од медиумите дека е премногу песимистичен за економските перспективи пред земјата пред и по гласањето од 2016-та година за напуштање на ЕУ.

Во однос на прогнозитe само за инфлацијата, повеќето точни очекувања давала Централната банка на Канада, следена од Федералните резерви и Европската централна банка.

Нормално Централната банка на Англија, заедно со речиси сите предвидувала да очекува поостар пад во британската економија по одлуката за „Брегзит“, изјави во 2017-та година постар економистот на финансиската институција Енди Холдејн.

Според него, исто така, неговата професија има многу да стигне за да се опорави од неуспехот да ја прогнозира светската финансиска криза и последиците од неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП