19 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВе озборуваат на работа? Не грижете се, постои едноставно решение

Ве озборуваат на работа? Не грижете се, постои едноставно решение

Сигурно некогаш сте биле во прилика да бидете озборувани. Најдоброто што можете да го направите во тој случај е да му пријдете на колегата и низ насмевка да му соопштите дека би сакале да разговарате со него/неа во четири очи.

Лагите, сплетките и озборувањата, за жал, се неизоставен дел од работата, па многу вработени повеќе и не им обрнуваат внимание.

Деловниот тренер Томас Ферли тврди дека грешат и вели дека кога ќе слушнете дека некој колега ве озборува, не треба да се правите на луди и да дозволите истиот да продолжи да шири лаги за вас. Молчењето не е решение, потребно е да му пријдете на колегата и, низ насмевка, да му кажете дека сакате да разговарате со него/неа доколку има малку време. Немојте да зборувате во ходникот, додека стоите, најдобро е да го замолите колегата да седнете некаде.

„До мене доаѓаат разни гласини кои верувам дека не се вистинити, но можеби постои точен дел. Не сакам да се распрашувам наоколу, туку директно. Слушнав дека зборуваш дека јас сум…„, можеби ова е вистинскиот начин да го започнете ваквиот непријатен разговор.

Во случај колегата да прераскажува нешто што вие сте му го кажале, нагласете му дека тоа сте му го соопштиле во доверба. Ако трачот е злобен и невистинит, прашајте го колегата дали некако сте го повредиле и замолете го доколку има нешто против вас, во иднина лично да ви се обрати. Доколку и по разговорот дотичниот/ дотичната продолжат да шират невистини за вас, обратете се до претпоставениот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП