25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради наноси од снег забрана за камиони на патот Лисец – Попова...

Поради наноси од снег забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. На пониските места коловозите се наместа влажни.

Од АМСМ известуваат дека на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка од 11:40 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради силен северен ветер кој предизвикува снежни наноси на коловозот.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП