20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБидете внимателни, туната може да ви наштети!

Бидете внимателни, туната може да ви наштети!

Туната во конзерва може да биде штетна по здравјето поради полихлорираните бифенили и живата која таа ја содржи во себе. И двете состојки се присутни во морската вода и седиментот во морето.

Сепак, според научниците, туната содржи само третина од количината на овие опасни токсини во споредба со ајкулата и сабјарките. Причината за тоа е нејзиното ниско место во ланецот на исхрана, според кој, највисоко ниво на загаденост со полихлорирани бифенили и жива имаат токму рибите кои котираат највисоко на оваа скала.

Британската агенција за стандарди во исхраната не препорачува повеќе од 4 порции туна неделно за мажите и 2 за жените.

Инаку, туната спаѓа во категоријата на немасни и здрави риби. Има специфичен интензивен вкус и богата месна текстура. Богата е со протеини, јаглени хидрати, но не и масти, поради што е одлична храна за периодите на диета.

За да ја намалите опасноста, внимавајте и не заборавајте секогаш да го исцедите целото масло од конзервата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП