23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа развој на зимскиот туризам Црна Гора ќе инвестира над 60 милиони...

За развој на зимскиот туризам Црна Гора ќе инвестира над 60 милиони евра

До 2020 година Црна Гора ќе инвестира повеќе од 60 милиони евра за развој на зимскиот туризам во земјата, изјави црногорскиот премиер Душко Марковиќ, кој беше во посета на зимските скијачки центри на Колашин и Жабљак.

Премиерот потсети дека во двете одморалишта е реконструиран дел од инфраструктурата поврзана со жичниците, патеките се добро подготвени, а патиштата до градовите – проодни.

Марковиќ спомена и дека веќе е објавен конкурс за изградба на нови ски-патеки со вкупна должина од четири километри.

Според него, значителни ресурси ќе бидат доделени во наредните години за развој на зимскиот туризам во Мојковац и Бијело Поље, што ќе создаде услови за нудење подобри туристички понуди за време на зимската и летната сезона и ќе привлече нови инвеститори.

Премиерот вели дека ова значи отворање дополнителни работни места, а со тоа и подобрување на квалитетот на животот во северниот дел на Црна Гора, каде што се концентрирани повеќето зимски одморалишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП