19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЧиповите Samsung AI ги надминаа Apple и Huawei?

Чиповите Samsung AI ги надминаа Apple и Huawei?

„Apple“ и „Huawei“ минатата година ги претставија своите „AI“-фокусирани чипови – „A11 Bionic“ и „Kirin 970“. „Samsung“ не сака да гледа од страна и неуморно работи на сопствениот „Neural Processing Unit“ (NPU) чип.

Неименувани извори од Јужна Кореја тврдат дека „Samsung“ веќе ги достигна технолошките нивоа кои ги нудат „Apple“ и „Huawei“ за мобилните уреди. Се споменува дека дури „Samsung“ ќе претстави и подобри чипови во текот на втората половина од годината.

Јужнокојреската компанија своите „NPU“ чипови започналада ги развива дури во текот на втората половина на 2017-та година, што е и причината за заостанување зад конкуренцијата. Со „NPU“, смартфонот може да процесира, анализира и складира податоци без потреба од „cloud“ сервер.

„Samsung“ најверојатно ќе прикаже некои од своите „NPU“ можности за време на „MWC“ саемот кој ќе се одржи следниот месец, но засега не е сигурно дали ова ќе се случиво текот на отворена презентација или зад затворени врати. Првиот уред во кој ќе биде интегриран „NPU“, ќе биде „Galaxy Note9“, кој се очекува во текот на септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП