24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрска: Ние даночен рај? Вие сте лицемери!

Ирска: Ние даночен рај? Вие сте лицемери!

Ирскиот премиер Лео Вараткар ги обвини членките на ЕУ за лицемерие кога станува збор за корпоративниот данок и ги отфрли како неточни тврдењата дека Ирска е даночен рај.

Вараткар во Европскиот парламент изјави дека се „неправедни обвиненијата“ според кои Ирска, со пружањето на помош на мултинационалните компании преку ниски даночни стапки, им штети на соседните европски економии, пренесува Ројтерс.

„Не само што земјите како Унгарија и Бугарија им пресметуваат на компаниите пониски даночни стапки од Ирска, туку и Франција – чиј претседател Емануел Макрон беше голем критичар на акциите на американските технолошки гиганти на планот за затајување даноци – им понуди толку многу дупки на одделни корпорации, така што и нејзината ефективна стапка би можела да биде пониска“, изјави премиерот на Ирска.

Вараткар застана во одбрана на правата на помалите и периферни држави, како Ирска, дека оданочувањето го користат за привлекување на инвестиции, но со напомена дека корпорациите мораат да платат праведен удел на данок.

„Не можеме да ја толерираме ситуацијата во која големите компании било каде можат да избегнат плаќање данок“, изјави тој, и додаде дека не се само американските мултинационални компании, како Apple во Ирска, тие кои можат да имаат корист, туку и локалните компании“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП