24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs објави прва квартална загуба по 6 години

Goldman Sachs објави прва квартална загуба по 6 години

Инвестиционата банка „Goldman Sachs“ ја објави својата прва квартална загуба по шест години, во голема мера поради промени во американското даночно законодавство.

Финансиска институција и нејзините конкуренти, исто така, беа погодени од послабите трговски пазари, но „Goldman Sachs“ најтешко настрада заради својот оддел за инструменти со фиксен принос, стоки и валути. Таа истакна 50% пад на приходите, што е и најлошиот квартал од финансиската криза, па досега, соопштува „Ројтерс“.

Во четвртиот квартал од 2017-та година банката предвидува трошоци во износ од 4,4 милијарди долари поради даночната реформа на американскиот претседател Доналд Трамп. Па таа загуби 2,14 милијарди долари, или 5,51 долари по акција во овој период. За споредба, минатата година во исто време „Goldman Sachs“ забележа профит од 2,15 милијарди долари, или 5,08 долари по акција.

Значителен пораст (44,1%) беше забележан кај инвестициските банкарски приходи – во износ од 2,14 милијарди долари. Приходите, вклучувајќи ги и каматните приходи предвидоа пад за 4,1% до 7,83 милијарди долари, но и покрај тоа тие се над очекувањата за 7,61 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП