29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса „фрла“ најмногу пари за плати

Барса „фрла“ најмногу пари за плати

Каталонскиот клуб Барселона троши најмногу пари за плати од сите европски клубови.

Ова го покажува студијата на УЕФА за период од 2010-та до 2016-та година. Целта на истражувањето е да се докаже дека внесениот финансиски ферплеј ги балансира приходите и расходите на клубовите на „Стариот континент“.

Оваа студија за парите потрошени за плати се базираше на финансиските активности на клубовите во 2016-та година. Податоците покажуваат дека на „Камп Ноу“ се дадени 372 милиони евра за плати, што е 60% од привлечените приходи во истиот период – 620 милиони евра. Реал Мадрид, исто така, оствари приход од 620 милиони евра, но платите за „кралевите“ се 307 милиони евра.

Тимот од главниот град на Шпанија е рангиран на третото место според сметката за плати. Манчестер Јунајтед е втор со сума за плати од 321 милиони евра. Во исто време на „Олд Трафорд“ остваруваат најмногу приходи од сите во Европа – 689 милиони евра. Челзи и Манчестер Сити им плаќаат на своите играчи годишно 298 милиони и 294 милиони, соодветно.

ПСЖ (292), Ливерпул (281), Баерн (Минхен) (270), Арсенал (263) и Јувентус (221) ги дополнуваат топ 10. Цели 42% од сите пари за плати на фудбалери во Европа се исплатени во Премиерлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП