16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција со дефицит најнизок за последната деценија

Франција со дефицит најнизок за последната деценија

Франција го намали буџетскиот дефицит во 2017 година на најниско ниво од 2008 година, благодарение на поголемите даночни приходи, соопшти француското Министерство за финансии.

Буџетскиот дефицит на Франција минатата година изнесуваше 67,8 милијарди евра, што е за 1,3 милијарди евра помалку во однос на 2016 година и е најнискиот дефицит од 2008 година, соопшти Министерството, пренесува агенцијата Ројтерс.

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер изјави дека економскиот раст на Франција во 2017 година и 2018 ќе ја надмине владината проценка за раст од 1,7 проценти за двете години, што автоматски ќе влијае на намалувањето на дефицитот.

Најновите податоци сугерираат дека вкупниот буџетски дефицит на Франција ќе биде помал од 3,0 проценти од БДП, што би било за прв пат од 2007 година тој да е во склад со границата на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП