20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple ќе плати 38 милијарди долари даноци за да ги врати парите...

Apple ќе плати 38 милијарди долари даноци за да ги врати парите во САД

Вчера „Apple“ даде голем број изјави во однос на инвестициите и придонесот за американската економија делумно поради новиот даночен закон.

Главната од нив е дека компанијата ќе придонесе со 350 милијарди долари за американската економија во следните пет години, иако засега не станува јасно како точно од „Apple“ ја пресметале оваа сума.

Компанијата, исто така, вети дека ќе создаде 20.000 нови работни места и ќе отвори нов кампус, пишува „CNBC“.

Apple исто така се очекува да плати околу 38 милијарди долари даноци за огромните средства кои планира да ги врати во САД. Тоа практично значи дека компанијата ќе го врати речиси целиот свој кеш од странство, кој изнесува 250 милијарди долари.

Од „Apple“ исто така најавија дека ќе потрошат над 30 милијарди долари за капитални расходи во следните пет години. Околу 10 милијарди долари ќе бидат инвестирани во центри за податоци во САД, според компанијата.

Од „Apple“ исто така додадоа дека ќе потрошат 5 милијарди долари како дел од фондот за иновации, што претставува зголемување на износот од 1 милијарда долари, објавен во минатата година од страна на главниот извршен директор Тим Кук.

Отворањето на работни места ќе вклучува директно вработување, како и на добавувачи и бизнисот со апликации на „Apple“, за чие ширење веќе има план (развивачите на апликации заработиле 26,5 милијарди долари во 2017-та година). Новиот кампус пак ќе се фокусира во сервисирање на клиенти.

Направените вчера изјави се индикатор дека и покрај сето „Apple“ ќе продолжи да располага со стотици милијарди долари кеш. Компанијата може да ги троши овие пари за откуп на акции, дивиденди, превземања или други проекти.

Акциите на „Apple“ вчера поскапеа за 1,65%, до 179.10 долари за готово. Пазарната капитализација на компанијата во моментов надминува 911 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП