19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВечер со поезијата на Павлина Климкар Меанџиева во Велешкиот театар

Вечер со поезијата на Павлина Климкар Меанџиева во Велешкиот театар

Во вторник, 23 јануари, во фоајето на театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес со почеток во 20 часот ќе се одржи вечер со поезијата на Павлина Климкар Меанџиева.

Модератор на поетската вечер ќе биде писателот и драматург Сашо Димоски, а избор од поезијата на Меанџиева ќе читаат актерките Слободанка Чичевска, Весна Димитровска Бобевски и Маја Љутков во музичка придружба на Сашко Костов.

Циклусот поетски вечери е нова програмска активност на Велешкиот театар за афирмација и промоција на поезијата како книжевен жанр. Во рамките на циклусот еднаш месечно ќе се одржува поетска вечер во театарот посветена на поезијата на поети по потекло од Велес. Досега се одржаа поетски вечери посветени на поезијата на Катица Ќулафкова и Ристо Јачев, а во февруари предвидена е вечер со поезијата на Игор Крајчев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП