20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook го поедноставува Messenger во 2018-та година

Facebook го поедноставува Messenger во 2018-та година

Додавањето на повеќе функции во апликацијата за разговор „Messenger“ на „Facebook“ која се користи од околу 1,3 милијарди лица, ја направи услугата премногу комплицирана, коментира директорот на „Messenger“, Дејвид Маркус. Затоа корисниците можат да очекуваат дека во 2018-та година компанијата ќе преземе чекори за поедноставување на апликацијата за подобрување на искуството, пишува „VentureBeat“.

„Додека брзавме да ги создадеме овие нови функции, апликацијата стана премногу натрупана. Очекувајте да инвестираме значително во тоа да го поедноставиме „Messenger“ во оваа година“, коментира Маркус.

Ветувањето е дел од публикација на Маркус, за тоа какви ќе се целите на „Facebook Messenger“ во 2018-та година. Останатите наведени се во голема мера очекувани: повеќе видео пораки и користење на „Messenger“ за поврзување на бизнисот со корисниците. Исто така, се планираат и неколку нови функции за разговор.

„Групниот разговор во „Messenger“ веќе има повеќе функции, како можноста да реагирате на одделни пораки, опцијата да се спомене некого, да додадете и отстранувате луѓе незабележано, алатки за персонализација, но сме планирале уште за оваа година“, коментира тој.

Најголемата промена за која „Messenger“ работи во последниве години, е воведувањето на „Messenger Platform“ за автоматски ботови, што се случи во април 2016-та година. Оттогаш, повеќе од 200.000 ботови на трети страни се пуштени во платформата – од лични финансиски ботови до како што се игри, промотивни и други цели.

Меѓу другите промени од минатата година беше и објавувањето на реклами на главната страница и проширувањето на исплатите меѓу корисниците, објавувањето на „Messenger Stories“ за сите корисници низ целиот свет.

„Messenger“ не е единствената услуга која „Facebook“ ќе ја промени во оваа година. Минатата недела извршниот директор Марк Цукерберг изјави дека социјалната мрежа ќе им покаже на корисниците помалку корпоративни мислења и повеќе од пријатели и роднини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП